| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола подготвува мега – размена: Ќе го жртвува Агуеро за Гризман

Тимот на Манчесте Сити доминира годинава во Англија, но менаџерот на „граѓаните“ и покрај тоа сака дополнително да го засили својот ростер. Според англиските медиунми тој е подготвен да направи мега – размена со Атлетико Мадрид. Гвардиола на шпанскиот клуб ќе му го понуди Серхио Агуеро и пари, за во замена да го добие Антоан Гризман.

Што се однесува до Аргентинецот, тоа би бил прифатлив трансфер со оглед на фактот дека во Сити дојде токму од редовите на Атлетико Мадрид, каде играше од 2006 до 2011 година.

Антоан Гризман беше близу до Манчестер јунајтед, но сега Барселона е во пол-позиција да го ангажира Фрнцузинот, па Пеп Гвардиола ќе се обиде да му ги помати сметките на својот поранешен тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top