Антоан Гризман постојано се поврзува со заминување од Атлетико Мадрид на крајот од сезоната. Согласно шпекулациите најблиску е до трансфер во Манчестер јунајтед или Реал Мадрид… Па, шпанските медиуми повторно искористија можност да го прашаат околу неговата иднина, за да овој пат добијат интересен одговор.
– Би заминал од Атлетико Мадрид само во Њујорк никс. Би сакал да играм со Дерик Роуз – истакна низ смеа 26-годишниот напаѓач на Атлетико.
Французинот е добро познат како голем навивач на Никси. Кошарката ја сака исклучително, потенцирајќи дека ако не бил фудбалер тогаш сигурно ќе играл кошарка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.