Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола од денеска до 9 јуни е домаќин и организатор на 10. Саем на книгата на кој годинава учествуваат 20 издавачки куќи од Република Македонија.
Саемот на книгата во Битола претставува една од најзначајните културни манифестации во регионот, информираат од Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ чии штандови се изложени во центарот на градот пред битолскиот театар.
– Изложени се дела на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литетартура, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста, изјави Фатма Бајрам Аземовска од одделението за популаризација на книгата во НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.
Саемот на книгата во Битола ќе биде отворен секој ден до крајот на седмицата, од 9 до 22 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


