Во Театар „Џинот“ , в сабота во 20 часот, ќе биде прикажан македонскиот игран филм „Ах љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски.
„Ах, љубов моја неверна“ е приказна за позната поп пејачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај.
Филмот е во продукција на Авард Филм и Видео, КТ Филм и Медиа и Квазар Филм. Сценариото и режијата се на Коле Ангеловски, продуцент е Горан Стојилковиќ, продуцент за КТ Филм и Медиа е Димитар Николов, извршен продуцент е Владимир Стојчевски, директор на фотографија е Роберт Јанкуловски, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Лира Грабул и Раде Василев, монтажата на Блаже Дулев, дизајнот на звук е на Драко Спасовски Пацки, а музиката за филмот е на Венко Серафимов и Џенгиз Ибрахим.
Во филмот настапуваат: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.