Екипата на ЛА Лејкерс е спремна за големи промени во наредната сезона, кои ќе донесат победничка екипа и подобри времиња за тимот од Калифорнија. По заминувањето на Коби Брајант, „езерџиите“ главно се составени од млади и надежни играчи, но без суперѕвезда која ќе донесе шампионска титула.
Прва мета за новиот генерален менаџер на Лејкерс, Меџик Џонсон ќе биде Пол Џорџ од Индијана, кој влегува во последната година од договорот со екипата од Индијанаполис. Тој има опција да продолжи уште една сезона во Пејсерс, но сите знаат дека е голем фан на тимот од Лос Анџелес и дека сака да се пресели на Западот.
Џорџ не ја крие својата љубов кон тимот и Коби Брајант, поранешниот кошаркар на Лејкерси, кој му е идол уште од мали нозе. Навивачите во „Стејплс центарот“ се очајни за победничка екипа, а истата би можеле да ја добијат наредната сезона предводена од Пол Џорџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.