Нова огромен трансфер може да го потресе фудбалскиот свет. Се уште не стивна еуфоријата по доаѓањето на Бразилецот Нејмар од Барселона, а Пари Сен Жермен би можел да доведе уште едно капитално засилување. И тоа од најголемиот ривал во францускиот шампионат и актуелен првак, Монако. Според најавите, Килијан Мпабе е на прагот да направи мегатрансфер на „Паркот на принцовите“.
Мбапе, според француската телевизија „ТФ1“, ги договорил личните услови со ПСЖ и го одбрал францускиот клуб пред Реал Мадрид. Наводно, оваа одлука веќе ја соопштил и на раководството на Монако.
„Кнезовите“ на Реал Мадрид му побараа 180 милиони евра за Килијан Мбапе, па се очекува оваа сума да биде предмет на преговори и со ПСЖ. Но, францускиот гигант ова лето нема проблем со финансиите. Го покажа тоа и со Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Фудбалерот на Монако, Ласина Траоре обвинет дека настапува со лажни податоци
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар, веројатно го пропушта реваншот со Реал Мадрид