Врз кошаркарот на Сан Антонио, Тони Паркер, денес успешно е извршена операција по повредата на тетивата на квадрицепсот на левата нога. Операцијата ја изврши докторот на Сан Антонио, Дејвид Шмит, а враќањето на паркетот ќе биде дополнително одредено. 34-годишен плејмејкер се повреди на вториот меч од плеј-офот против Хјустон, на 9 минути до крајот на натпреварот, во моментите кога неговиот тим имаше водство и со победата дојде до израмнување во полуфиналната серија од Западната конференција.
Паркер во регуларниот тек од сезоната просечно бележеше по 10,1 поени, но во плеј-офот неговиот просек порасна на 15,9 поени по меч. со реализација од 53 проценти. Вечерва се игра третиот натпревар од полуфиналната серија, а сигурно дека без услугите на одличниот Французин ќе бидат зголемени и шансите на Хјустон за пласман во финалето на Западот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.