| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Цветановски комесар за натпреварување: Во плејофот има построги правила

rabotnicki

Македонската кошарка синоќа беше сведок на нови несакани инциденти на првиот меч од полуфиналната плејоф серија меѓу Работнички и Карпош Соколи. Поради дивеење на домашните фанови, натпреварот е прекинат по завршувањето на третата четвртина, при резултат 60-67, а ќе се доигра денеска, со почеток во 19 часот, без присуство на публика.

Земајќи ги предвид случувањата на натпреварот помеѓу екипите на Работнички и на Карпош Соколи, МКФ до јавноста го испрати заклучокот кој беше донесен на состанокот помеѓу Комесарот за натпреварување Владо Цветковски, претставниците на клубовите кои се натпреваруваат во плејофот како и официјалните лица делегирани за овие натпревари. Таму јасно стои дека сите се сложиле да се гарантира максимална безбедност на учесниците на натпреварот и при секој инцидент мечот ќе биде прекинат.

plejof

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top