Македонската кошаркарска федерација преку соопштението испратено до медиумите сака да ја информира јавноста во врска со последните случувања и одлуки за суспендирање на екипи од машката Прва лига поради ненавремено надмирување на обврските околу котизацијата за учество и лиценците за странските играчи.
Соопштението во продолжение ви го пренесуваме во целост.
„Македонската кошаркарска федерација ја информира јавноста за последните случувања, поврзани со суспензиите на неколку екипи од Првата кошаркарска лига, поради неподмирување на долговите кон Федерацијата.
Би сакале хронолошки да ја информираме јавноста за сите работи кои им претходеа на суспензијата.
Пред почетокот на сезоната 2016/2017 во Првата кошаркарска лига Управниот Одбор при МКФ донесе одлука за висина на таксите за странските кошаркари. Потоа следуваа неколку состаноци меѓу раководството на МКФ и членовите на Здружението на клубови од Првата лига.
Сето ова потоа кулминираше со зеднички договор меѓу МКФ и Здружението на клубови од Првата лига.
Договор според кој Федерецијата ќе ја прифати Иницијативата на неколкуте клубови за свикување на Вонредно Собрание на МКФ, а канцеларијата на Федерацијата до клубовите да ги достави фактурите со вкупни суми за надомест за регистрација на странските кошаркари, клубовите да ја платат само обврската кон ФИБА , а остатокот да биде платен во целост, еден ден по Вонредното Собрание на МКФ, кое се одржа на 15.12.2016 година, со барања за гласање, доверба / недоверба на претседателот на МКФ Петар Наумоски.
По завршувањето на Вонредното Собрание на МКФ, на кое претседателот Наумоски ја доби доверба од мнозинството на делегати, раководството на МКФ јавно го пролонгираше датумот за доплата на преостанатиот дел од таксата за регистрација на странски кошаркари до 20.01.2017 година.
Но, и покрај сите разбирања и заложби на раководството на МКФ, одредени клубови не го почитуваа договореното и се обидуваат преку нови состаноци на Здружението на клубови од Првата лига да го прекинат договорот, претходно прифатен од сите.
На тој начин тие им нанесуваат штета не само на поголемиот број на клубови кои го испочитуваа договорното и веќе ги подмирија своите обврски кон МКФ, туку и на самите себе и на клубоите со кои раководат.
Актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација од самиот почеток па се до денес се бори за воспоставување и почитување на редот, правилниците и Статутот на МКФ кој самите членки на федерацијата ги имаат изгласано.
Кошарката е спорт кој бара почитување единство и целосно применување на пропозиции и акти кои на сите добро им се познати, во спротивно се би било класична лакрдија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски го повикува на референдум народот што го нарекуваше стока
-
МВР: Дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда