| четврток, 6 декември 2018 |

Котлеба: Наумоски и Гавриловска, вистински луѓе на вистинско место

naumoski i gavrilovska

Лубомир Котлеба, советникот на генералниот секретар на ФИБА во изминатите денови беше на посета во Македонија и според неговите зборови е задоволен од она што го видел во Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Во изјава за веб-сајтот на МКФ, Котлеба рече дека нашата земја има сали по сите стандарди на ФИБА, а истовремено потенцира дека Петар Наумоски, претседателот на МКФ, и Моника Гавриловска, која е генерален секретар, се вистински луѓе на вистинско место.

– Престојот во Македонија беше многу информативен и убаво организиран од страна на федерацијата. Вашите сали се по стандардите на ФИБА. Состанокот беше краток, но мина во одлична атмосфера. Бев импресиониран од визијата на МКФ и посветеноста кон подобрување на македонската кошарка. Наумоски и Гавриловска можам да истакнам дека се вистински луѓе на вистинско место – изјави Котлеба.

Наумоски пред извесен период ја доби довербата од клубовите и остана на претседателското столче на МКФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top