| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува и кошаркарската прва лига, федерацијата и клубовите најдоа решение

rabotnicki 3

Завојуваните страни на домашната кошаркарска сцена, раководството на МКФ од едната и Здружението на прволигаши од другата страна, конечно најдоа заеднички јазик и ги надминаа проблемите поради кои стартот на новата сезона неколку пати беше одложуван. Македонската кошаркарска федерација преку соопштение попладнево објави дека клубовите ги прифатиле последниот предлог на „куќата на кошарката“ и новата сезона конечно ќе стартува на 19 ноември.

„Македонската кошаркарска федерација сака да ја информира јавноста дека во понеделник 14.11.2016 година во доцните попладневни часови доби информација од Здружението на клубови од Првата лига дека мнозинството на клубови се согласи со последниот предлог на раководството на федерација и прифаќаат Првата лига во машка конкуренција во сезоната 2016/2017 да стартува на 19.11. 2016 година. МКФ сака да им изрази благодарност на сите клубови од Првата лига што со една ваква одлука ќе помогнат кошарката веќе да не е заложник на некои други интереси, туку да се врати на позициите кои ги има во нашиот спорт. Се надеваме и сметаме дека доцнењето на стартот на Првата лига од триесеттина дена нема да претставува проблем за клубовите ниту во календарот на натпреварување. Раководството на МКФ воедно им посакуваме на сите клубови од нашето најсилно првенство успешна натпреварувачка 2016/2017 сезона“, се вели во соопштението на МКФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top