| четврток, 6 декември 2018 |

Наумоски со благодарност до тие што го поддржаа: Сега треба сите заедно да работиме за унапредување на мак-кошарката

mkf 1

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петер Наумоски сака да им упати јавна благодарност на сите членови на Собранието на МКФ кои и дадоа поддршка на кошарката при гласањето за доверба. Тој со соопштение до медиумите ја информираше јавноста за следните чекори и упати апел за обедување.

„Добро е оваа победа на кошарката да ја искористиме сите ние вљубеници во портокаловата топка за да се обединеме, се во интерес на нашиот сакан спорт и така здружени да допринесеме, што побргу кошарката да се врати на посакуваниот колосек .
Во оваа прилика упатуваме и апел до медиумите за коректност при информирањето на јавноста за сите наши идни активности. Со тоа сите заедно ќе допринесеме да го вратиме угледот на кошарката и на Македонската кошаркарска федерација на потребното рамниште“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top