По пауза од шест месеци македонската ракометна репрезентација ги продолжува настапите во квалификациите за Европското првенство 2018 година што ќе се игра во Хрватска.
Македонија на клупата има нов селектор а тоа е шпанскиот стратег од редовите на Вардар, Раул Гонзалес и пред преполната „Борис Трајковски“ има предност од два гола (15-13).
Капитенот Кире Лазаров со одлична игра во првиот дел постигна осум гола и ја води нашата репрезентација до нова победа која многу ќе значи во понатамошниот тек од квалификациите.
По почетното водство од 2-0 на Исланд, „црвено-жолтиот“ состав ја презема иницијативата и играта во свои раце направи серија од четири гола пред се благодарение на повратникот во составот голманот Борко Ристовски кои успеа да фати неколку зицери.
Во продолжение од првото полувреме Македонија продолжуваше да ја зголемува предноста и во 23 минута стигна до највисоката предност од четири голови (13-9). До крајот на првите 30 минути имавме уште неколку шанси за зголемување на предноста, но брзоплето реагиравме во нападот со што им овозможивме на гостите да намалат на само два негатива.
Во првиот дел примивме многу голови со што во второто полувреме се очекува да ја зајакнеме одбраната и со сигурна игра во нападот да стигнеме до втората победа од три натпревари и да се искачиме на првото место на табелата во групата во која уште се и репрезентациите на Чешка и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.