| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман се договорил со Манчестер јунајтед, на негово место во Атлетико доаѓаат две суперѕвезди

antoan grizman

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, од следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед, откриваат медиумите на Островот. Тие тврдат дека трансферот е веќе договорен и тој треба во летниот преоден рок да пристигне во Англија.

Французинот беше прва трансфер цел на Мурињо, и по речиси една година конечно се реши сагата околу неговата иднина. Гризман се сели на „Олд трафорд“ за цена од 89 милиони фунти и плата од 280.000 фунти неделно во наредните пет години или приближно 14,5 милиони фунти по сезона.

Најтрофејниот англиски клуб за услугите на француската ѕвезда ќе потроши исто колку што плати за Погба, но Гризман ќе заработува 60.000 фунти повеќе од неговиот сограѓанин. Комплетирањето на овој трансфер пред почетокот на преодниот рок, ќе му овозможи на Мурињо да се фокусира и на други засилувања.

Атлетико Мадрид со средствата од Гризман ќе се обиде да донесе неколку замени, а први цели се Алексис Санчез од Арсенал и Александре Лаказет од Лион. Чилеанецот би можел да бара многу голема плата, додека Лаказет изгледа како идеален потег, но и за него „јорганџиите“ ќе имаат голема конкуренција на европскиот пазар. 25-годишниот француски напаѓач неколку години е цел на повеќе европски клубови, но и покрај големиот интерес тој досега остана во Лион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top