Четиригодишно дете се здобило со тешки повреди по телото откако паднало и било прегазено од трактор, што го управувал дедото. По укажаната помош во гостиварската, болница, итно е пренесено на скопските клиники.
Според СВР Тетово, несреќата се случила вчера попладне на нива во месноста „Дунаиште“ кога Р.А. (60) со трактор вршел земјоделски работи. Детето било качено на тракторот што се движел и во еден момент паднало, по што било нагмечено со едно од тркалата.
Родителите на детето го пренеле во гостиварската болница, од каде заради серизноста на повредите е препратено во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и се преземаат активности за целосно расветлување на околностите кои довеле до несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.