Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни рабoти на Малта Џорџ В. Вела, во својство на земја-претседавач со Советот на ЕУ, денеска во Валета ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
Како што соопшти МНР, на маргините на состанокот, предвидено е министерот Попоски да има билатерални средби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.