| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски изрази сочувство по повод нападите во Египет

niko

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, упати писмо со сочувство до неговиот египетски колега, Самех Шукри, по повод нападите врз црквите во градовите Танта и Александрија во Египет.

– Искрено сочувство до семејствата на жртвите и до граѓаните на Египет. На повредените им пожелувам брзо закрепнување. Република Македонија најостро го осудува чинот на тероризам што претставува напад врз Египет, врз египетското единство, и воопшто врз универзалните вредности на човештвото. Даваме силна поддршка на Египет и на меѓународната заедница во борбата против сите форми на тероризам и екстремизам – стои во писмото од министерот Попоски, соопшти МНР.

Според последните информации, најмалку 25 лица ги загубија животите, а 59 беа повредени во коптската црква во Танта, додека во нападот во Александрија, загинаа 11 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top