Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска се сретна со претставници на Здружението за културно обединување на Бошњаците од Република Македонија (АВАЗ), предводени од потпретседателот на Здружението, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, соопшти Министерството за надворешни работи.
Оттаму велат дека на средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката на водењето на преговорите за склучување договор на Владата на Република Македонија со Владата на Босна и Херцеговина за олеснување на условите за патување на државјаните на двете земји, за која МНР и АВАЗ се залагаа во изминатиот период.
-Наскоро, овој договор ќе им овозможи на државјаните на двете земји меѓусебен безвизен режим до 90 дена во период од шест месеци, со важечки патни документи или важечка биометриска лична карта на сите гранични премини за меѓународен сообраќај, се вели во соопштението.
Во таа насока, се истакна интересот за унапредување на односите меѓу Република Македонија и Република Босна и Херцеговина, посочува МНР, што ќе резултира со одржување на претстоен бизнис форум меѓу двете земји на 19 април во Скопје, на кој ќе учествува претседателот на БиХ, Младен Ивањиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот за култура се сретна со амбасадорите на Турција и на Унгарија
-
Работна посета на Брисел: Груевски денес на средби со еврокомесарот Хан и европарламентарците Кукан и Келам (Фото)
-
Попоски: Единствен излез од кризата е дијалогот
-
Попоски на министерски состанок на ЕУ и на земјите-кандидати во Малта