Во Белград тече заедничката пленарна седница на заедничката македонско-српска владина седница.
Македонската владина делегација е дочекана со најголеми почести, а покрај премиерот Никола Груевски, во Белград се и Зоран Ставревски, Владимир Пешевски, Никола Поповски, Гордана Јанкуловска, Диме Спасов, Иво Ивановски, Никола Тодоров, Миле Јанакиевски, Љупчо Димовски и заменик-министерот за животна средина, Стево Темелковски.
Се очекува да се потпише и договор меѓу двете министерства за внатрешни работи околу соработка пред туристичката сезона.
Имајќи го предвид претходниот ваков договор со црногорската полиција, најверотно со него ќе се овозможи заедничко патролирање на македонски и српски полицајци во туристичките места.
Главна тема на пленарната средба се евроинтеграциите како и зголемувањето на економската соработка и инвестициите. Се работи на отворање на можноста за заеднички настап на трети пазари, особено во градежниот сектор, фармацијата, туризмот. Во однос на инфраструктурата, главна тема е завршувањето на Коридор 10. Планот на двете влади е градежните зафати во Македонија и во Србија да завршат до 2016 година.
Се очекува да се разговара за гасификацијата, за мобилноста на работната сила, размена на знаења во медицината, како и голем број други прашања.
Ова е прва ваква средба за македонска влада досега, но е познат формат на односи меѓу државите, особено кога станува збор за унапредување на релациите. Иницијатива за вакви средби од Македонија се упатени до сите соседни држави, од таму има позитивна рекција, но засега нема прецизиран период кога би се одржале. Оваа средба беше најавена уште во јануари за време на посетата на Дачиќ на Македонија. Заедничка владина седница беше дел и од договорите со Бугарија. Истото е договорено и со албанската влада, како и со Косово. За тие средби течат договорите на меѓувладини тимови за подготовка за заедничка средба, но засега нема можност за подетално прецизирање на времето.
Српската влада, од друга страна, има големо искуство за вакви средби и затоа најбрзо ја подготви оваа седница.
Попладне владиниот тим ќе има средба и со македонскиот пратеник Миле Спировски и со македонскиот Национален совет во Србија кога ќе се потпише национална стратегија за македонската дијаспора во земјата.
Планирана е и средба со претседателот Томислав Николиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница


