| четврток, 6 декември 2018 |

Раул го скрати списокот, Борко се враќа меѓу стативите, Прибак и Јоноски отпишани

borko ristovski

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес денеска го објави списокот на 19 ракометари кои ќе се борат за 16 места за квалификациските дуели со Исланд што ќе се играат на почетокот на мај.

На скратениот список нема место за поранешните стандардни репрезентативци Ацо Јоноски и Немања Прибак, но враќањето на Борко Ристовски во селекцијата предизвикува бура од воодушевувања во целокупната спортска јавност во нашата држава. „Министерот“ Ристовски беше изоставен од претходниот селектор Лино Червар за мундијалот во Франција, а друштво на голманскта позиција ќе му прават Мартин Томовски од Металург и Никола Митревски од Бенфика.

Другиот дел од тимот е горе долу познат. Камбек во националниот тим ќе има и за Филип Кузмановски, кој го пропушти СП во Франција поради повреда. Костески, Крстевски, Димитриевски, Петров, Ѓорѓески, Колев и Недановски ќе чекаат следна шанса.

Првиот дуел со Исланд се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 4 мај со почеток во 20 часот, додека реваншот е на 7 мај во Рејкјавик, град каде Македонија никогаш не забележала позитивен резултат. Преостанатите два дуели се играат во јуни, дома против Чешка и на гости против Украина.

spisok na rakometari

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top