| четврток, 6 декември 2018 |

Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)

Гостите кои требало да присуствуваат на свадбата на идната госпоѓа Сандерс, добиле листа со 10 правила кои мораат да ги почитуваат, а а еден шокиран гостин го објави тоа на Интернет.

Списокот почнува со молба гостинот да дојде 15 до 30 минути порано. На гостите строго им се забранува да носат бела облека, крем или боја слонова коска. Жените не смеат да имаат силна шминка, а од фризури се дозволува само коњски реп или обичен кок.

Важно е правилото дека не смее никој да снима во текот на цела церемонија, ниту да објавува на социјалните мрежи без одобрување од младите, а кога објавуваат тоа мора да биде со специјалниот хаштаг. Најважно од се потенцирано со големи букви е тоа што никој не смее да разговара со невестата и дека сите мора да наздрават со Rémy коњак. Подарокот не смее да биде под 75 долари (околу 4.000 денари).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top