| четврток, 6 декември 2018 |

Табарез повеќе не е селектор на Уругвај

Оскар Табарез  повеќе не е фудбалски селектор на Уругвај.

Уругвај го заврши настапот на Светското првенство (СП) во Русија кое е е тек по поразот во четвртфиналето од Франција. Тоа беше последен меч за селекторот на клупата на оваа селекција.

– Мојот договор заврши со нашиот настап на СП во Русија. Одлучив да не го продолжам договорот, затоа што мислам дека така е фер. Не планирам да лобирам за да останам селектор, така само би им дал повеќе храна на новинарите за да пишуваат – изјави 71-годишниот Табарез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top