| четврток, 6 декември 2018 |

Раул: Секогаш ќе ја паметам пораката на Столе, Скопје ќе ми недостасува поради…

Раул Гонзалес од наредната сезона досета поретко ќе го гледаме во Скопје поради тоа што реши да ја промени клупската средина, а неговото отсуство на клупата на Вардар дефинитивно ќе биде помалку чудно за играчите, но посебно за навивачите на македонскиот шампион.

Шпанскиот стручњак отсега ќе го гледаме во македонската престолнина само при собирите на репрезентацијата, бидејќи добро познато е дека новата сезона ќе ја започне како лидер на амбициозниот проект на ПСЖ. Со завршувањето на фајнал-фор турнирот во Келн, Раул стави крај на незаборавната четиригодишна етапа во Вардар, но секако, најголемиот успех пристигна една година претходно, моментот кога Вардар се искачи на тронот во Европа побдувајќи го ПСЖ во големото финале во Лигата на шампионите.

Наврајаќи се на сето она што го оствари во Вардар како тренер во ексклузивното интервју за официјалната страна на СЕХА лигата, Гонзалес порача дека посебно ќе ги памети трофејот во Лигата на шампионите и специјалната порака на капитенот Столе Стоилов, а исто така нагласи и зошто ќе му недостасува секојдневниот живот во Скопје.

– Ќе го паметам секој момент минат во Вардар, но најмногу ќе се сеќавам на освојувањето на Лигата на шампионите и посебно на пораката која ја испрати Столе: „Леле, луѓе успеавме да го направиме тоа!“. Никој не знае колку беше тешко и колку напорно работевме во изминатиот период, бидејќи кога игравме во четвртфиналињата со Кјелце и Веспрем, бевме многу блиску до фајнал-форот. Последните две сезони бевме многу добри, секој ден игравме на исто ниво. Освоивме и три титули во СЕХА лигата, тоа се фантастични остварувања, – порачува Раул кој додава дека љубовта која му ја искажуваат македонските фанови никогаш не ја доживеал во Шпанија.

– Кога пристигнав во Скопје, уште од самиот старт добив поддршка од сите. Од публиката, од клубот, од фановите, од играчите. Тоа беше малку чудно за мене, бидејќи во Шпанија тоа не го доживеав. Тоа сигурно ќе ми недостасува, – вели Гонзалес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top