| четврток, 6 декември 2018 |

Тајгер Вудс успешно го оперираше грбот, му се враќа на голфот за шест месеци

tajger vuds

Легендарниот американскиот голфер Тајгер Вудс ќе му се врати на голфот на терените за шест месеци, откако успешно го оперираше грбот. Вудс објави дека ќе одмара неколку недели пред да замине на терапија.

– Операцијата помина во најдобар ред и верувам дека болките во мојот грб се минати. Се радувам да се вратам на нормалниот живот, а и натаму ќе се натпреварувам во голф – откри Американецот.

Оваа операција е четврта на грбот и Вудс мораше да ја направи откако почувствува нови болки откако се врати во декември по 15 месеци отсуство. Многумина веруваат дека не може да биде на истото ниво и да доминира во светот на голфот како претходно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top