| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарникар фати бебе фрлено од втор кат

Американскиот пожарникар Роберт Сатон фати бебе фрлено од вториот кат на запалена зграда во Џорџија. Сатон изјави дека слушнал повик од вториот кат на зградата и видел новороденче на прозорецот од собата исполнета со чад.

– Слушнав како таткото на детето повикува помош. Без размислување му кажав да го пушти бебето. Му ветив дека ќе го фатам. Го пушти бебето и благословен сум што бев во положба да го фатам – рече пожарникарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top