Социјалните служби ѝ го одзедоа старателството на жена во САД која објави видеоснимки на кои го мачи сопственото дете во обид да го врати партнерот, таткото на детето.
Американските медиуми пишуваат дека 23-годишната Џанел Петеркин од Тексас е обвинета за загрозување на животот на детето откако на поранешното момче му пратила видеоснимки на кои го измачува нивниот едногодишен син.
На снимките може да се види Петеркин како го тепа детето на задното седиште од автомобил, му ја завиткува главата со најлонска кеса и му ја полни устата.
Во една од пораките што му ги пратила на бившиот таа му се заканува дека „детето ќе заврши во ковчег“, а набрзо потоа му пратила фотографија на која држи запалка и му порачува дека ќе го запали дететото.
Снимките со малтретирање сосема случајно ги видела новата девојка на таткото на детето.
Медиумите објавија дека мајката на детето била блокирана на телефонот на таткото, а новата девојка од љубопитство го тргнала блокот.
Откако го одблокирала профилот, стигнале 300 пораки и видеоснимки со траење од 60 часа и девојката веднаш ја известила сестрата на таткото која викнала полиција и го пријавила насилството.
Таа вели дека полицијата на почеток не презела ништо иако им кажала дека можно е детето веќе да не е живо.
За да ја присили полицијата да реагира таа ги објавила снимките на Facebook и дури тогаш полицијата интервенирала.
Мајката на детето рекла дека снимките се од пред 90 дена и дека тоа било реакција на веста дека таткото на детето имал нова девојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)