| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилејна 65. изложба на Стефан Хаџи-Николов во галеријата „Флукс“

Стефан Хаџи-Николов е добитник на многубројни награди и признанија во нашата држава и пошироко, помеѓу кои и Државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста

Во галеријата „Флукс“ во Скопје на 19 април, во 20 часот, ќе биде отворена јубилејна 65-та самостојна ликовна изложба на реномираниот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов.

На изложбата ќе бидат претставени 30-тина дела, работени во техника масло на платно, создавани последните години. Изложбата е поддржана од Град Скопје и ќе биде отворена од 19 април до 5 мај оваа година.

izlozba

Стефан Хаџи-Николов е добитник на многубројни награди и признанија во нашата држава и пошироко, помеѓу кои и Државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста.

stefan hadzi nikolov1

Роден е во 1955 година во Скопје. Педагошка Академија во групата ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје. Член на ДЛУМ е од 1984 година. Својата прва изложба ја поставил во 1982 година во КИЦ-Скопје, досега изложувал во Скопје, Нови Сад, Љубљана, Софија, Солун, Лондон, Париз, Анкара, Пловдив, Варна, Бургас и во повеќе македонски градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top