Во Музеј Галерија Демир Капија синоќа беше отворена самостојна ликовна изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов, на која ќе бидат претставени 30-ина дела работени во техника масло на платно, создавани во последните неколку години.
Делата се од циклусот „Пејзажи на душата“ по кои е и насловена изложбата, а првпат дела од овој циклус, кои се препознатливи за неговото творештво, авторот изложи пред 12 години.
Хаџи-Николов е добитник на голем број награди и признанија, меѓу кои и на државната награда „23 Октомври“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.