| четврток, 6 декември 2018 |

„Мотиви од Бока Которска“ – изложба на Стефан Хаџи-Николов во „Галерија 8“

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во „Галерија 8-Безистен“, Старата скопска чаршија, в петок, во 20.30 часот ќе се отвори изложба на ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов.

Ќе бидат претставени дела на тема „Мотиви од Бока Которска“ кои првпат беа изложени на неговото самостојно претставување во Градската галерија „Котор“ во јули оваа година.

Учесник е на повеќе од 100 групни претставувања и добитник е на 12 награди од областа на ликовната уметност во земјава и странство. Од 2002 до 2006 година зема учество на Саемот на уметност „Импресија“ во Пловдив, Бугарија.

Ова е негово 59 самостојно претставување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top