| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Истанбул

Дваесет и четири слики, масла на платно се претставени на изложбата на македонскиот уметник Стефан Хаџи-Николов во галеријата Vita Art Gallery во Истанбул, која ќе трае до утре.

Ове е петто представување на Хаџи-Николов во Турција. Сликите кои се сликани во последните две години се од циклусот „Пејзажи на душата”.

Станува збор за осма самостојна изложба на Хаџи-Николов годинава. Претходно авторот изложувал и во Скопје, Кавадарци, Прилеп, Демир Капија, Охрид, Варна и Перник.

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Тој е член на ДЛУМ од 1984 година. Учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјата и надвор од неа и на мегународни ликовни колонии. Од 2002 до 2006 година учествувал на Саемот на уметност „Импресија“ во Пловдив. Добитник е на повеќе награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top