Реномираниот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов синоќа се претстави пред публиката на Истанбул со самостојна исложба.
Изложбата е поставена во Галеријата НИШ АРТ, која се наоѓа во Нишанташи, дел на Истанбул со најмогу случувања во областа на визуелните уметности, каде се сместени и најголем дел од галериите.
На изложбата се претставени 47 слики, масло на платно од помал формат. Сликите се од циклусот „Пејзажи на душата” и го претставуваат ликовниот израз на авторот кон природата која го опкружува.
На отварањето присуствуваше и Генералниот конзул на Република Македонија во Истанбул Зерин Абаз.
Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје.
Член е на ДЛУМ од 1984 година. Има реализирано голем број самостојни изложби, а учествувал и на повеќе од 100 групни изложби во земјата и надвор од неа.
Учесник е на повеќе мегународни ликовни колонии. Од 2002 до 2006 учествувал на Саемот на уметност „Импресија“ во Пловдив(Бугарија) .Добитник е на повеке награди меѓу кои и наградата „Лазар Личеноски“, Годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на град Скопје, Скопје за 2012 година, како и Државна награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста во 2015 година.
Изложбата на Хаџи-Николов во Истанбул ќе биде отворена до крајот на месец март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.