| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва на „Танц-фест“ премиера на „Кожа“

Претставата е составена од три кореографии „Котел“ на Рисима Рисимкин, на оригинално направена музика на Тони Китановски, „Погрешно“ на Адријана Данчевска, на музика на групата „Верка“ и кореографијата под наслов „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, за која таа направи избор на музика од повеќе автори. Костимите за целата претстава ги обликуваше Благој Мицевски

Вечерва, на 12 април, на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) е премиерата на „Кожа“ во кореографија на Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и Рисима Рисимкин, а во рамките на „Танц-фест 2017“ кој се одржува во Скопје и во Велес.
Претставата е составена од три кореографии „Котел“ на Рисима Рисимкин, на оригинално направена музика на Тони Китановски, „Погрешно“ на Адријана Данчевска, на музика на групата „Верка“ и кореографијата под наслов „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, за која таа направи избор на музика од повеќе автори. Костимите за целата претстава ги обликуваше Благој Мицевски. Во претставата учествуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Александар Петрушевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, гостинката од Италија, Фабиана Карчесио и гостите од Кина, Ванг Нинг и Ли Је.

Матеа Киселичка со кореографијата „Истиот извор“, која премиерно ќе се изведе во рамките на претставата „Кожа“, магистрира на мастер студиите за изведувачки уметности на ЕСРА Универзитетот. За претставата таа вели: Инспирацијата произлезе од самата суштината на боречката вештина нинџуцу, која се базира на концептот дека сите физички аспекти на постоење потекнуваат од истиот извор, односно од суштинското постоење на петте елементи, каде преку разбирање на истите си овозможуваме себеси да бидеме во хармонија со “шемата на тоталност”.

Кореографското дело го следи физичкиот и карактерниот развој на првите четири елементи, со цел да го достигне највисокото ниво на човечката свест и неговото физичко постоење во петтиот елемент, достигнувајќи го врвот во вештината на движење.

unnamed (5)

Киселичка е танчер и кореограф во Скопје танцовиот театар. Завршува Скопје танцова академија, под менторство на проф. д-р Рисима Рисимкин, а во моментов работи и како нејзин асистент. Учествува во севкупната продукција на Скопје танцвоиот театар, а гостува и на проекти надвор од земјава. Како кореограф, за Скопје танцовито театар создава повеќе кратки кореграфии: „Изгубено” (2012); „Загреј го студот“ (2013);  „Дел од мене”, (дел од претставата “Импулс“) (2014); „Суштества” (2015). Настапува со Скопје танцовиот театар на сите негови гостувања во и надвор од земјава и тоа: Фестивал за танц и невербален театар, Сенвинченто, Хрватска, ИТС фестивал, Амстерам, Холандија, Келн, Германија, Пекинг, Кина, “Open stage program” во Хаг и Ротердам, Холандија.

Адријана Данчевска е танчер и кореограф во Скопје танцовиот театар. Завршува Скопје танцова академија, под менторство на проф д-р Рисима Рисимкин, а во моментов работи и како нејзин асистент. Учествува во севкупната продукција на Скопје танцвоиот театар, а гостува и на проекти надвор од земјава. Како кореограф, за Скопје танцовиот театар создава повеќе кратки кореграфии: „32°”, (дел од претстават “Импулс“); „Alive somewhere else” (2014); „Four” (2016); „СИМБОЛ”(2016) и „Wrong” за Универзитетот за убави уметности од Цирих. Настапува со Скопје танцовиот театар на сите негови гостувања во и надвор од земјава и тоа: фестивал за нтанц и невербален театар, Сенвинченто, Хрватска, ИТС фестивал, Амстерам, Холандија, Келн, Германија, Пекинг, Кина, „Open stage program” во Хаг и Ротердам, Холандија.

Рисима Рисимкин  е еден од водечките македонски кореографи и уметнички директор на Танц Фест и Скопје танцовиот театар, кој е прва официјална компанија за современ танц во Македонија. Од октомври 2010 година, ја води студиската програма за современ танц – Skopje Dance Academy, како дел од Универзитетот ЕСРА во соработка со престижната Rotterdam Dance Academy, од Холандија. Во периодот од 2005 – 2013 е член на Управниот одбор на ЦИД УНЕСКО во Париз, Франција, во два последователни мандата. Во сезоната 2012-2103 година, Рисимкин е уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција.
Основач е на Интерарт културниот центар (1996) преку чии активности ја развива македонската современа танцова сцена. Се вбројува меѓу најплодните современи македонски кореографи, како авангарден претставник во современото творење. Ја претставува активно Македонија на меѓународната современа танцова сцена со свои претстави, за кои добива одлични критики. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и Награда за исклучителен придонес за развој на културата во Република Македонија. Во 2011 година е прогласена за една од 10-те топ менаџерки во Република Македонија.
Во изминатите години Рисимкин ја претставува Македонија како кореограф во Aркус, Данска; Лајпциг, Келн и Диселдорф, Германија; Солун, Грција – Европска Културна Претстолнина; Лисабон, Португалија – EКСПO – Национален ден на Македонија; Нијамеј, Нигер (2005); Санвинченто, Хрватска; Белград, Србија; Софија и Бургас, Бугарија; Подгорица, Црна Гора, Лондон, Велика Британија, Ротердам, Хаг и Амстердам, Холандија; Пекинг, Кина и др.
Во 2010 година Рисимкин работи како гостин-кореограф во Ротердам, Холандија и во Националниот балет Љубљана, Словенија. Таа е првиот македонски кореограф кој работи во Национална куќа во странство како гостин-кореограф на Нацинален балет – Љубљана, Словенија) и уметнички директор (Национален балет Анталија, Турција).  Во 2016 година работи како гостин-кореограф во Nine Contemporary Dance Company од Пекинг, Кина. Премиерата на претставата “Р.Е.М.“ се одржа како дел од церемонијата на затворање на Интернационалниот фестивал за современ танц во Пекинг, “The New”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top