| четврток, 6 декември 2018 |

Лицето покажува што јадете погрешно: Вино-црвенкаста кожа, глутен-отечени образи, шеќер…

Др Нигма Талиб открива интересни податоци за тоа колку вашето лице е огледало на здравјето. Постојат четири типа лица и нивни нуспојави.

Дали вашето тело има отпор на глутен, млеко, шеќер, алкохол? Вашето лице може лесно да открие.

1. Винско лице – Го карактеризираат изразени линии, масти помеѓу двете веѓи, линии под очите, ронлива кожа на образите, црвенкаста кожа на лицето…

Алкохолот предизвикува дехидрација на кожата, каде телото губи вода, го оптоварува црниот дроб и доведува до обесена кожа. Редовното консумирање алкохол доведува и до пореметување на цревната флора.

Ако сакате спас, направете пауза од три недели, а потоа можете да пиете алкохол 20 отсто од деновите, додека 80 отсто треба да апстинирате.

2. Глутенско лице – Тука се забележуваат отечени образи, надуеност, акни на брадата. Препорака – избегнувајте глутен.

3. Млечно лице – Симптомите се отечени очи, кругови под нив, акни на лицето, брадата и бледи образи. Ако се чувствувате отечено, се препорачува откажување од млечни производи на одреден период, додека лицето не ви се опорави, а потоа побарајте совет од нутриционисти.

4. Шеќерно лице – Лицата кои јадат многу шеќер имаат брчки на челото, вреќички околу очите, сивкаст тен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top