Министерот за култура, Асаф Адеми се сретна со амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара.
Во срдечна и пријателска атмосфера, амбасадорката Еркал Кара изрази искрени честитки до министерот Адеми за неговото стапување на функцијата, министер за култура и му посака успешен мандат.
Двајцата соговорници ги потврдија традиционално добрите културни врски што постојат меѓу двете земји, како и постојаните заложби на двете страни за нивно унапредување. Министерот Адеми и нејзината екселенција Еркан Кара ги споделија заедничките политики за унапредување и афирмација на културните вредности на сите етнички заедници во двете пријателски земји.
Амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Дукс, денеска го посети министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми. На срдечната средба, двајцата соговорници разговараа за досегашните квалитетни односи на двете земји во областа на културата, како и за идните чекори за натамошно унапредување на односите и за градење на заедничка европска перспектива. Министерот Адеми и амбасадорот Дукс, разменија идеи за градење општества кои се отворени за негување на култура на различностите, која во исто време ги шири и ги зацврстува односите меѓу сите граѓани во двете земји, со традиционално пријателски односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Гаф на Адеми: Се пофали дека не трошел пари од Буџетот, но, наведени се трошоците до мај годинава, а Адеми е министер од 4 јуни
-
Министерот за култура Асаф Адеми ги прими учесниците на Меѓународниот фолкорен фестивал „Скупи 2018“
-
Градежен инженер е предложен за министер за култура
-
Работна посета на Брисел: Груевски денес на средби со еврокомесарот Хан и европарламентарците Кукан и Келам (Фото)