| четврток, 6 декември 2018 |

Работна посета на Брисел: Груевски денес на средби со еврокомесарот Хан и европарламентарците Кукан и Келам (Фото)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер на Република Македонија, Никога Груевски, денеска оствари средби со еврокомесарот Јоханес Хан и европарламентарците Едуард Кукан и Туне Келам.

Груевски денеска и вчера претстојува во дводневна работна посета на Брисел, каде главен настан е конференција за Западен Балкан што во организација на Европската народна партија (ЕПП) се одржува во Европскиот парламент.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретна со еврокомесарот Јоханес Хан.

Претседателот на партијата со најмногу пратеници во Собранието на Република Македонија, денеска во Брисел се сретна и европратеникот Едуард Кукан.

Работна средба Груевски оствари и со европарламентарецот од Естонија, Туне Келам.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера оствари средби со првиот човек на ЕПП, Жозеф Дол, Елмар Брок, европратеник и поранешен претседавач на комитетот за надворешни работи на ЕП, претседателот на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер и со европратеникот и потпретседател на Словенечката демократска партија, Милан Звер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top