| четврток, 6 декември 2018 |

Грабул и Деари во двојки ѝ донесоа победа на Македонија над Малта

teniska reprezentacija

Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија ја забележа првата победа во групата во Созопол, Бугарија, откако благодарение на дуелот во двојки, успеа со 2-1 да слави над Малта. Победата ја донесоа Димитар Грабул и Шендрит Деари, кои со 2-0 (7-5 и 7-5) во сетови успеаја да слават над двојката Асциак/Судзука.

Натпреварот во двојки меѓу Македонија и Малта продолжи при резултат 4-4, поради вчерашните проблеми со дожд. Првиот сет Грабул и Деари го добија со 7-5, а на стартот на вториот сет противникот ги изненади и направи брејк за водство од 1-2. Минималното водство тенисерите на Малта го одржуваа до осмиот гем, кога Грабул и Деари успеаја да направат брејк за 4-4, а потоа и да поведат со 5-4, за да на крај со брејк во 12. гем да ја запечатат оваа заслужена победа.

Наредните мечеви за Македонија на Дејвис купот се против репрезентациите на Исланд, како и Молдавија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top