| четврток, 6 декември 2018 |

Месечно заработувам по 6 српски плати: Нишлијка оставила се и заминала на Малта!

На Maлта е лесно да се најде работа, но не можеме да седиме затоа што за тоа не не плаќаат, раскажува девојка од Ниш.

Раскажува дека работат по девет часа или повеќе, а заработуваат по 5 до 8 евра за час.

Вели дека на Малта заработува шест српски плати.

-Преубаво е чувството кога одиш на шопинг и не калкулираш.Твојата работа зависи од квалитетот – вели таа.

Важни се трудот, и посветеноста на работа.

-Мене Малта ми го даде она што Србија ми го скрати. По 34 години живот, сега живеам со полни гради – вели таа.

Но, додава дека таму нема кому да се обратите за помош и сте оставени сами на себе.

Додава дека Србија нема податок колку нејзини граѓани има на Малта, и затоа не можат да очекуваат никаква помош од матичната држава, затоа што за неа едноставно таму не постојат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top