| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија пред мечот со Македонија ќе тренира со Колумбија

kolumbija

Репрезентацијата на Колумбија ќе ја тестира шпанската фудбалска селекција на 7. јуни на „Месталја” во Валенсија, како последна проверка за „Црвената Фурија” пред мечот во Скопје со Македонија.

На 11. јуни ќе го играме шестиот натпревар од Г групата за пат на СП во Русија, а противник ќе ни биде лидерот Шпанија. Селекција која никогаш ја немаме победено, а и во јуни ќе биде апсолутен фаворит во Скопје. Само четири дена претходно Колумбијците ќе ја глумат Македонија во Валенсија на пријателскиот меч со моќните Шпанци.

На „Месталја“ ќе пристигнат Родригез, Фалкао, Квадрадо, Оспина, Запата Бака и останатите колумбиски асови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top