Сите затруени работници од фабриката „Леар“ се во добра здравствена состојба и пуштени се на домашно лекување.
Раководителите на Клиничката болница-Тетово, брзата помош и на Центарот за јавно здравје, на заедничка прес-конференција информираа во каква состојба се луѓето. Од Основното јавно обвинителство Тетово велат дека увидот е завршен, сега претстојат вештачења, по што ќе се произнесат за целиот случај.
Повеќе од 200 лица, кои во четвртокот работеле трета смена во фабриката „Леар“ која работи во состав на Технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) Тетово се затруле откако вечерале макарони со сос и мелено месо околу еден часот по полноќ. Фабриката „Леар“ се снабдува со храна од тетовски ресторан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.