Бактеријата Стафилокока е причина за масовното труење на 200-те работници во тетовската фабрика Леар, дознава Канал 5.
Резултатите ќе им бидат доставени на јавното обвинителство во Тетово, што ја води постапката. Претходно, ноќта во петокот работниците од третата смена јаделе макарони со месо, подготвени во посебен дел од познат ресторан во околината на Тетово. Објектот не бил регистриран, а вработените немале санитарни книшки. Надлежните во петокот земале мостри од храната и од работните површини со најава дека денеска ќе бидат соопштени резултатите од анализите.
Во меѓувреме ресторанот, како и фабриката Леар се затворени. Сите затруени работници се пуштени на домашно лекување, откако им беше пружена помош во тетовската и во гостиварската болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.