| четврток, 6 декември 2018 |

„Леар“:Фабриката ќе биде затворена додека не се разреши случајот

lear

За време на ноќната смена на 31 март 2017 година, 200 работници во компанијата „Леар“ биле пренесени во болница откако почувствувале симптоми од нагон за повраќање до болки во стомакот. 190 вработени веќе се отпуштени од болница, а за многу кратко време очекуваме и останатите вработени да бидат отпуштени од болница, велат од компанијата „Леар“.

-За компанијата „Леар“ ништо не е поважно од здравјето и од благосостојбата на вработените. Ние имаме одлични услови за здравје и безбедност во нашите фабрики. Внимателно ги следиме инструкциите на локалните здравствени власти за да го истражиме овој изолиран инцидент. Фабриката ќе биде затворена сѐ додека не се разреши случајот и додека не се осигуриме дека нема да се повтори, стои во соопштението од „Леар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top