| четврток, 6 декември 2018 |

Бебињата родени напролет имаат посебна карактеристика

bebe

Многу истражувања спроведени во последно време покажуваат дека датумот на раѓање може да влијае врз личноста. Еве што значи пролетното време за раѓањето на децата.
Истражувањето покажало дека бебињата кои се родени на пролет, покажуваат поголема упорност во животот, од оние кои се родени неколку месеци порано. Научниците претпоставуваат дека на тоа влијаело изложувањето на мајката на летното сонце откако забремениле, што поттикнало позитивни хормони кај бебињата.
Бебињата родени во мај се посреќни. Истражувачите откриле дека родените во мај повеќе чувствуаат среќа отколку другите. Дури 50 проценти сметаат дека имаат среќа во животот. Една од теориите е дека нивните први доживувања се случиле за време на летото кога се е посветло и позитивно.
Според едно австриско истражување, бебињата родени помеѓу март и јуни се со поголем раст. Научниците овој факт го припишале на оптималната концентрација на светлината кој го поттикнува хормонот мелатонин во мајчиното тело, кој пак го поттикнува хормонот на раст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top