| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на „Република“ ќе читате

Во новиот број на „Република“, кој е во продажба од утре, 31 март 2017 година, ќе читате:

naslovna_REPUBLIKA-br239-520px

ВМРО-ДПМНЕ побара консензус
Ќе помогне ли патоказот да излеземе од кризата?
Ра­бо­та­та во Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја са­мо до­пол­ни­тел­но ги по­твр­ду­ва пре­ду­пре­ду­ва­ња­та де­ка де­ба­та­та и де­мо­кра­ти­ја­та не­ма да игра­ат ни­ка­ква уло­га кон раз­не­би­ту­ва­ње­то на др­жа­ва­та кон ко­ја се дви­жат со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те со нив­ни­те ире­ден­ти­стич­ки парт­не­ри. Ба­ра­ња­та да се пре­скок­нат про­пи­ша­ни­те стап­ки за из­бор на со­бра­ни­ски­те те­ла, со зло­у­по­тре­ба на „кра­тен­ки­те“ ка­ко што се под­не­се­ни­те 20 пра­те­нич­ки пот­пи­си за из­бор на со­бра­ни­ски пре­тсе­да­тел, са­мо ги по­твр­ду­ва­ат на­во­ди­те де­ка ти­ран­ска­та пла­тфор­ма не са­мо што е вле­зе­на во Со­бра­ни­е­то ту­ку и слу­жи ка­ко при­рач­ник кој го за­о­би­ко­лу­ва Де­лов­ни­кот за ра­бо­та кон до­го­во­ре­но­то ре­де­фи­ни­ра­ње.

Лагите не проаѓаат, народот не отстапува
Заев, не паламуди за македонштина, повлечи се од платформата
Ме­сто јас­но и глас­но да ја отфр­ли пла­тфор­ма­та и да се огра­ди од ра­ди­кал­ни­те ста­во­ви на сво­и­те ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри, За­ев упор­но глу­ми лу­ди­ло во сти­лот на Љу­бе Бо­шков­ски и се оби­ду­ва да ја убе­ди ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка имал „ма­ке­дон­ска жич­ка“ пре­ку ре­ци­ти­ра­ње не­ка­ква по­е­зи­ја. И мис­ли де­ка не­кој му ве­ру­ва. Абе, бу­да­ла ра­бо­та!
Во очај­ни­те сти­хо­ви се жа­ли де­ка не­кој „му ја чеп­ка ма­ке­дон­шти­на­та!“ Се пра­шу­вам са­мо кој ли му ги пре­се­че жич­ки­те ко­га збо­ру­ва­ше за гр­до­то ли­це на Ма­ке­до­не­цот? Или во тие мо­мен­ти до­жи­веа кра­ток спој? Мо­же­би ви­стин­ска­та ма­ке­дон­шти­на ја по­ка­жа ко­га по­ра­ча де­ка тре­ба да ја сви­тка­ме „кич­ма­та“ за име­то? А кој во име на За­ев „чес­но приз­на“ пред це­ла­та јав­ност де­ка не му ли­чи да би­де па­три­от? Кој ли му ја чеп­ка ма­ке­дон­шти­на­та ко­га ги оце­ни ка­ко „го­ле­ми гре­шки“ ко­а­ли­ци­ја­та со ВМРО-ДПМНЕ во Ки­че­во и во Стру­га и под­др­шка­та на За­ко­нот за бра­ни­те­ли? Ма­ке­дон­шти­на­та во не­го ли го на­те­ра да ка­же де­ка СДСМ ве­ќе не е ма­ке­дон­ска пар­ти­ја? И, ко­неч­но, зо­што во­оп­што се оби­ду­ва да до­ка­же не­ко­му де­ка има ма­ке­дон­ска жич­ка, ко­га уште пред че­ти­ри го­ди­ни са­ми­от ка­жа де­ка „на­ро­дот не оче­ку­ва од не­го да изи­гру­ва па­три­от“.  Еп­тен бу­да­ла ра­бо­та!

„Фабриката“ на СДСМ со полна пареа
Лажни вести и пропаганда за спас од на­ро­дот
Алар­мот на „Па­вел Ша­тев“  ма­кси­мал­но ги за­ан­га­жи­ра твор­ци­те на лаж­ни ве­сти. Во „Фа­бри­ка­та“ се ра­бо­ти во три сме­ни. Ако се сом­не­ва­те, са­мо пог­лед­не­те го ре­зул­та­тот на сра­бо­те­но­то, про­фе­си­о­нал­но, се раз­би­ра. Ед­на од де­фи­ни­ци­и­те на про­фе­си­о­на­лец е де­ка тоа е чо­век што го ва­ди нај­до­бро­то од се­бе, ду­ри и ко­га во­оп­што не му се ра­бо­ти. За со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те „про­фе­си­о­нал­ци“ де­фи­ни­ци­ја­та е мно­гу слич­на. Тоа се лу­ѓе што го ва­дат нај­ло­шо­то од се­бе ду­ри и ко­га не им се ра­бо­ти. Ре­ал­но, мно­гу-мно­гу ни­ко­гаш и не им се ра­бо­те­ло, ама за ла­же­ње и за из­вр­ту­ва­ње се се­ко­гаш рас­по­ло­же­ни. Два де­на – три ла­ги. Без исав, срам уште по­мал­ку, из­ла­жаа за Вајгл, сле­ду­ва­ше ла­га­та за ве­те­но­то од Хан до За­ев, за­вр­ши­ја со „уда­рот“ по Гру­ев­ски, кој „из­бе­га“ во Тур­ци­ја. Ако не мо­жеш по сво­јот, удри по ту­ѓи­от ли­дер, ова е мо­то­то на „про­фе­си­о­нал­ци­те“ вљу­бе­ни во СДСМ и во се­фот на Со­рос…

Зошто Брисел најави војна на Балканот?
Конечниот збор мора да го каже Македонија
Неколку месеци по за нас катастрофалниот самит на НАТО во Букурешт, кој се одржа пред седум-осум години и на кој, и покрај сите исполнети критериуми за влез во алијансата, Македонија не стана дел од најголемата воена организација во историјата на светот, во кулоарите во Обединетите нации под влијание на грчката дипломатска армада почнаа шпекулации за можно решение на македонското прашање. Идејата на дел од грчките дипломати со помош на дипломати од Европската унија и од НАТО, а во договор со Москва, која требаше да ја издејствува владата на Караманлис во координација со лидерот на ПАСОК, беше македонскиот проблем да биде решен во еден пакет во кој би влегле неколку отворени прашања во поширокиот балкански регион. Идејата, која се туркаше од грчки политички фактори, а не се спроведе, пред сѐ, поради финансискиот колапс на јужниот сосед и светската економска криза, предвидуваше со една дипломатска акција да се затворат неколку прашања кои сѐ уште претставуваат причина за нестабилност во овој дел на светот.

Интервју: проф. Дов Левин, САД
Амбасадори на САД и ЦИА поставуваат влади на Балканот
САД има­ат дол­га исто­ри­ја на оби­ди за вли­ја­е­ње во из­бор­ни про­це­си и ре­зул­та­ти во дру­ги зем­ји, по­ка­жу­ва истра­жу­ва­ње­то на про­фе­со­рот Дов Ле­вин, до­ктор по по­ли­тич­ки на­у­ки на уни­вер­зи­те­тот „Кар­не­ги Ме­лон“ во Пен­сил­ва­ни­ја. Во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ Ле­вин ве­ли де­ка во не­го­ва­та ар­хи­ва се ре­ги­стри­ра­ни  81 слу­чај на „ин­тер­вен­ции во стран­ски из­бо­ри“ од стра­на на Ва­шин­гтон во пер­и­о­дот од 1946 го­ди­на до 2000 го­ди­на. Во оваа број­ка не се прес­ме­та­ни во­е­ни­те уда­ри и оби­ди­те за сме­на на ре­жи­ми по из­бо­ри­те на кои по­бе­ди­ле кан­ди­да­ти­те што не се по ме­рак на САД. Ин­тер­вен­ци­и­те што се пред­мет на не­го­во истра­жу­ва­ње, про­фе­со­рот ги де­фи­ни­ра ка­ко „ска­пи актив­но­сти што се на­пра­ве­ни за да вли­ја­ат на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти во ко­рист на ед­на од две­те стра­ни“. Овие актив­но­сти, спо­ред Ле­вин, се спро­ве­ду­ва­ле тај­но (без зна­е­ње на јав­но­ста во тие зем­ји) во ду­ри две тре­ти­ни од слу­ча­и­те, а ин­тер­вен­ци­и­те вклу­чу­ва­ле фи­нан­си­ра­ње из­бор­ни кам­па­њи на кон­крет­ни пар­тии, ши­ре­ње де­зин­фор­ма­ции и про­па­ган­да за про­тив­ни­ци­те, тех­ни­ки за обу­ка на ло­кал­но­то на­се­ле­ние од са­мо ед­на стра­на во раз­лич­ни кам­па­њи или тех­ни­ки за убе­ду­ва­ње на гла­са­чи­те да из­ле­зат да гла­са­ат, по­ма­га­ње на ед­на­та стра­на во изра­бо­тка на ма­те­ри­ја­ли за кам­па­ња, јав­ни из­ја­ви или за­ка­ни „за“ или „про­тив“ одре­де­ни кан­ди­да­ти и обез­бе­ду­ва­ње или од­зе­ма­ње стран­ска по­мош. Ин­те­рес­но е да се за­бе­ле­жи де­ка САД ин­тер­ве­ни­ра­ле во де­сет из­бор­ни про­це­си на Бал­ка­нот и тоа во повеќе бал­кан­ски зем­ји  – Ју­гос­ла­ви­ја, Гр­ци­ја, Бу­га­ри­ја, Ал­ба­ни­ја и Ро­ма­ни­ја.

Колумна, Никола Србов
Со­рос, Ра­ма и За­ев сто­е­ја зад прис­лу­шу­ва­ње­то, а сега и зад ти­ран­ска­та пла­тфор­ма
Ни­ку­ле­цот на це­ла­та кри­за се на­о­ѓа во не­за­кон­ско­то прис­лу­шу­ва­ње. По­сто­јат се­ри­оз­ни ин­ди­ции де­ка зад не­за­кон­ско­то прис­лу­шу­ва­ње во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја сто­јат Еди Ра­ма, Ма­тео Рен­ци и Зо­ран За­ев, за­ед­нич­ки име­ни­тел за овие трој­ца е Џорџ Со­рос, кој е бли­зок со Ра­ма и Рен­ци, а овој на­ши­ов, до­маш­ни­ов, го ко­ри­стат ка­ко нај­о­би­чен из­вр­ши­тел на нај­вал­ка­на­та за­да­ча про­тив сво­јот на­род. Пла­нот за не­за­кон­ско­то прис­лу­шу­ва­ње бил скро­ен на со­ста­нок во Рим, а вре­ме­то ко­га бил кро­ен пла­нот ко­ин­ци­ди­ра со пре­сто­јот на Зо­ран Ве­ру­шев­ски во Рим, кој бе­ше вра­бо­тен во ма­ке­дон­ска­та ам­ба­са­да ка­ко од­го­во­рен за „со­ра­бо­тка­та со без­бед­нос­ни­те служ­би на зем­ја­та во ко­ја е на ра­бо­та, и ко­ор­ди­на­ци­ја со нив око­лу со­вре­ме­ни­те за­ка­ни по без­бед­но­ста“.

Колумна, Љупчо Пренџов
СЈО – ка­сто­ди банкa на СДСМ!
Ни­што ве­ќе не е ка­ко што бе­ше! Ду­ри ни „вли­ја­тел­ни­от“ „Тви­тер“ на кој најм­но­гу се пи­шу­ва про­тив, ама про­те­ку­ва и не­ко­ја нај­а­ва или им­пре­си­ја, ко­ја, не­ли, та­ка ќе ни ги „отво­ри“ очи­те, што, всуш­ност, мис­лат или ни под­го­тву­ва­ат вли­ја­тел­ни­те Хан, Беј­ли или Ван­ха­у­те пре­ку не­го­ва­та мач­ка. Џа­бе дре­мев­ме на со­ци­јал­ни мре­жи во де­но­ви­те ко­га го оче­ку­вав­ме до­а­ѓа­ње­то на Јо­ха­нес Хан, кој, обич­но, знае уште во ави­он да ни ја на­бие ат­мо­сфе­ра­та со не­ко­ја же­шка по­ра­ка на „Тви­тер“, а тоа во пра­кти­ка из­ле­зе „из­ди­шан ба­лон“. Хан дој­де и си оти­де. Се­вер­ни­от со­сед би ре­кол „по­љу­био вра­та“. Во таа збр­ка на „Тви­тер“ про­пу­штив­ме да ви­ди­ме ко­га и ка­ко гос­по­ди­нот Беј­ли оти­де „на до­пол­ни­тел­ни кон­сул­та­ции“ (на­род­ски ка­жа­но на „пе­е­ње) во Ва­шин­гтон. За­бо­ра­вил да ни пи­ше!? Всуш­ност, мо­же и не­ма ту­ка не­кој сен­за­ци­о­на­ли­зам. Дов­че­раш­ни­от служ­бе­ник на Ви­кто­ри­ја Ну­лан и на Хојт Ли, нај­го­ле­ми­те авто­ри на ин­те­рет­нич­ки конф­ли­кти и обо­е­ни ре­во­лу­ции низ све­тот, се­га  оти­де да до­бие со­се­ма но­ви ин­струк­ции од уште по­но­ви­те ше­фо­ви, кои тре­ба де­цид­но да му ука­жат де­ка ве­ќе не смее да се чеп­ка во су­ве­ре­ни­те­тот на др­жа­ви­те, а осо­бе­но не во су­ве­ре­ни­те­тот и во ин­те­гри­те­тот на тие др­жа­ви со кои САД има­ат пот­пи­ша­но до­го­во­ри за стра­те­ги­ско парт­нерс­тво.

Колумна, Ацо Станковски
Кошмар
Два­е­сет и пет го­ди­ни овие гад­ни и од­врат­ни опор­ту­ни­сти од Ко­му­ња­рец и од ба­ли­стич­ки­те бан­ди ги ма­меа и ма­ни­пу­ли­раа лу­ѓе­то на ма­ке­дон­ска­та ре­пуб­ли­ка ка­ко зе­ле­ни екс­пе­ри­мен­тал­ни глув­ци и дол­го­о­па­ше­сти вре­ска­чи, но, еве, дој­де и тој ден, ко­га си­те овие лу­ѓе ре­ши­ја де­ка им е до­ста и де­ка ве­ќе не­ма да ги тр­пат овие из­мам­ни­ци и кри­ми­нал­ци, овие пре­дав­ни­ци и зло­стор­ни­ци и ќе ги по­ста­ват та­му, ка­де одам­на тре­ба­ше да би­дат, исфр­ле­ни на ѓу­бри­ште­то на исто­ри­ја­та.
Кош­ма­рот до­пол­ни­тел­но се за­си­лу­ва отка­ко ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни го отфр­ли­ја лаж­ни­от авто­ри­тет на тие не­среќ­ни ка­ри­ка­ту­ри и клов­но­ви од Бри­сел и им да­доа цр­вен кар­тон, со што им по­ра­чаа де­ка се це­лос­но раз­о­ткри­е­ни и раз­об­ли­че­ни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top