Цртежот што го поседува Универзитетот во британскиот град Реидинг е дело на холандскиот уметник Петер Паул Рубенс, потврдија стручњаците на оваа установа.
Вредноста на скицата на која се наоѓа ликот на Марија Медичи, со размер 10,8 сантиметри на 8,9 сантиметри, се проценува на 75.000 фунти (112.642 долари), пренесува „Би-би-си“. Цртежот настанал во 1622 година и е уште еден лик на некогашната француска кралица направен од раката на Рубенс: нејзините портрети сѐ уште се наоѓаат во Лувр и во Британскиот музеј, Музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон.
За ова дело, кое кон крајот на минатиот век е купeно за 50 фунти (75 долари), од почетокот се сметаше дека дека е од Рубенс, но сега има и официјална потврда. Професорката Ана Груцнер Робинс од Катедрата за уметност на овој универзитет вели дека е ова мошне интересно откритие. Таа објасни дека цртежот припаѓа на онаа група работени за портрет во природна величина, кои Марија Медичи во 1622 година им ги доверила на Рубенс за украсување на Луксембуршката палата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение


