Британскиот секретар за надворешни работи, Вилијам Хејг, се надева оти Европскиот совет ќе им одреди на Србија и на Македонија датум за почеток на пристапните преговори.
Британскиот секретар за надворешни работи, Вилијам Хејг, синоќа во Загреб изјави дека се надева оти Европскиот совет на состанокот овој месец ќе им одреди на Србија и на на Македонија датум за почеток на пристапните преговори.
– Одредувањето датум зависи од нивниот прогрес во исполнувањето на критериумите на ЕУ за членство. Се надевам дека Советот ќе се заложи за натамошно проширување, но тоа е одлука што мора да биде донесена едногласно – рече Хејг по средбата со хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања, Весна Пусиќ.
Велика Британија, како што нагласи Хејг, се залага за натамошно проширување на ЕУ со сите земји од западен Балкан, но прогресот на секоја од нив ќе зависи од постигнувањата што ги имаат на тој пат.
Весна Пусиќ истакна дека Хрватска го дели ставот на Лондон дека Југоисточна Европа треба да стане дел од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.