| четврток, 6 декември 2018 |

Пукотници во метро во Франција, неколку повредени

Непознат напаѓач отворил оган врз патниците во метро бо близина на централната станица во гранцускиот град Лил. Инцидентот се случил синоќа.

Повредени се најмалку три лица, меѓу кои и едно 14-годишно момче кое се здоби со прострелна рана во ногата. Еден од повредените е погоден во вратот.

Напаѓачот е во бегство. Според очевидци се слушнале најмалку пет истрели, а полицијата на местото на настанот пронашла 10 чаури.

Не се познати мотивите за нападот, но полицијата не смета дека е терористички.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top