| четврток, 6 декември 2018 |

МВР со детали за вчерашното пукање во Диво Насеље

Вчера околу 18.30 часот во ПС Куманово било пријавено дека на улица „Тоде Мендол“ во близина на маркет „Арди” по претходно настаната тепачка помеѓу две семејства и тоа Ф.Љ. (19), Д.Љ. (18), Ф.Љ.(61), Х.Љ. (23) и В.Љ. (48) од една страна и М. М. (55), Е.М. (49), М.М. (47), Џ.М. (30), Р.М.(28) и В.М. (57) од друга страна, било пукано од огнено оружје.

Со повреди се здобил В.М., кој прво бил пренесен во Ургентен центар во Куманово и потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде им подлегнал на повредите.

М.М. (55) се здобил со убодна рана од нож, а неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети .

Увид на лице место е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. Ф. Љ., Д. Љ. и Ф. Љ. сами се пријавиле во полициска станица, а Х. Љ., Е. М., М. М., Џ. М. и Р. М. се приведени. Во текот на вечерта и осомничениот за убиството В. Љ. се пријавил во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка.

Во соработка со јавното обвинителство се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштија од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top