| четврток, 6 декември 2018 |

Американка со српско потекло загина во пукање во болница во Чикаго

Дејна Лес, 25 годишна Американка со српско потеекло, е меѓу тројцата убиени во болницата ,,Мерси“ во Чикаго.

Чикаго трибјун објави дека напаѓачот почнал да пука наоколу, откако неговата девојка, докторка во болницата, Тамара О’Нил, ја раскинала веридбата.

Таа е убиена со неколку куршуми, а настрадала и волонтерката Дејна Лес и уште едно лице.

Младата дипломирана фармацевтка со српско потекло, дипломирала во јуни, а непосредно после тоа се омажила.

Била убиена случајно, во моментот кога излеегувала од лифтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top