| четврток, 6 декември 2018 |

Саем за студии во Франција

Францускиот институт во Скопје и одделот Кампус Франс го организираат  Саемот за студии во Франција, којшто ќе се одржи в четврток, 1-ви ноември 2018 год., од 12 до 17 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

На овој значаен настан се поканети претставници од француски универзитети, коишто на лице место ќе им дадат конкретни информации на заинтересираните посетители за студиите во Франција, студентскиот живот, процедурите за упис и можностите за стипендија.

Во приложените документи се наоѓа подетална информација за доделените стипендии од француската влада за македонските студенти и официјален плакат за настанот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top