| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватските медиуми за најмасовниот протест во Скопје: Над 100 илјади луѓе се против федерализација на државата (фото)

Хрватските медиуми со големо внимание ги следат настаните во Македонија, а известувачите не останаа рамнодушни на најмасовниот протест досега во Македонија.

Храватски „20 минути“, објави вест насловена „На улиците во Скопје 100 илјади луѓе рекоа НЕ за федерализација на Македонија“.

1-11-640x395 (1)

Потоа порталот вели дека низ улиците на Скопје вчеравечер над 100 илјади луѓе учествувале во протестот против можното формирање на влада помеѓу СДСМ и албанскиот блок во земјата.

Тие пишуваат и дека Хан иако беше во посета на Скопје не се сретна со претседателот на државата Ѓорге Иванов кој одби да го даде мандатот за составување на влада, бидејќи изборната платформа го нарушува македонскиот суверенитет.

2-16-640x437

Хрватски Јутарњи лист“ пак пренесува дека повод за најмасовниот протест досега во Скопје било доаѓањето на евроамбасадорот Хан кој во Македонија пристигна да го убеди претседателот Иванов да попушти околу формирањето на влада.

Веста исто така одекна силно и до хрватскиот „Нов Светски поредок“, кој вели дека организаторите на овој протест силно го подржуваат зачувувањето и унитарноста на Македонија. Потоа медиумот вели дека ВМРО-ДПМЕ на изборите во декември освои 51 пратеник, додека СДСМ 49, па влада не можело да се формира без коалиционен партнер од албанскиот блок.

На крајот нови светски поредок заклучува дека граѓаните на Скопје вчера масовно упатија порака до ЕУ дека тие не смееат да се мешаат во внатрешноста на државата.

5-6-640x587

Хрватски „Блесок“ ги пренесува паролите на граѓаните како што се: „не ја даваме Македонија“ и „нема да дозволиме албанизација на државата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top